Испорака, Плаќање и Услови на користење
Цени и ДДВ
Сите цени се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Законски Обврски
Во согласност со Законот за трговија, LOBBY е должен да ги почитува обврските кои произлегуваат од овој закон, па според тоа:
- LOBBY врши испорака на алкохолни пијалоци, тутунски производи и акцесоари преку својата е-продавница исклучиво во периодот од 12:00 до 23:00 часот во работни денови, како и во Сабота и Недела од 12:00 до 23:00 часот.
- LOBBY врши продажба на алкохолни пијалоци и тутунски производи преку својата е-продавница исклучиво на лица постари од 18 години.
Начини и Цени на Испорака
Нудиме три опции за преземање или испорака на вашите нарачки:
-
Подигни од Лоби – 0 денари (Бесплатно)
Овозможува купувачите сами да ги подигнат нарачките од локацијата на LOBBY. -
Достави во рок од 24h – 200 денари
Фиксна цена за стандардна испорака во рок од еден ден. -
Достави веднаш – 600 денари
Фиксна цена за експресна испорака веднаш по нарачката.
По комплетирањето и плаќањето на нарачката ќе добиете e-mail порака за потврда и детали од нарачката.
Начини на Плаќање
Плаќањето можете да го направите безбедно онлајн преку платежна картичка (CaSys C-Pay).
За секое плаќање преку online страната на LOBBY, потрошувачот добива фактура за уплатата и нарачката електронски на e-mail.
Рекламации и Враќање
Доколку имате забелешки во поглед на квалитетот и исправноста на производот, Ве молиме да се обратите до нас на contact@lobby.mk или на телефон +389 70 333 787.
Доколку не по наша вина сакате да го вратите производот и да Ви се вратат парите, во тој случај од крајниот износ што сте го платиле ќе Ви биде одбиен трошокот за испорака (200 или 600 денари, во зависност од избраната опција).
Ако сакате да го вратите производот и да Ви се вратат парите, должни сте производот да го чувате неоштетен, неупотребуван, во оригиналното пакување заедно со приложените документи.
Без оглед на тоа од кои причини сакате да го замените или вратите производот, треба претходно да ни доставите писмена изјава во која ќе ја наведете Вашата причина на e-mail адресата: contact@lobby.mk
Рекламациите се примаат најкасно 7 дена од добивањето на производот.
Ажурирано на 28.10.2025 година
